петак, 14. октобар 2016.

Опкружен со своето време




Опкружен со своето време
Додека од мене истекуваше празнината
За миг се расчленив
За да се видам себеси во иднината
Бидеќи само така со леснотија ќе се обновувам во сегашноста
Малку е комплицирано
Но така е запишано во капките на бесмртноста
Кои некогаш изгледаа за недостижни
Но сега етеги
Помеѓу двете линии на дланката се лизгаат весело

И сништата сега се поинакви
Нема капак над клепките за да ги задржи
Небото е исполнето со надежи
Единствено сум тажен
Зошто никаде не слушам жетварски песни

Малку ќе воздивнам
Не се радувајте попусто
Не е тоа скрбна воздишка
Некогаш се барав во нејзиното око
А нејзиното име беше залепено на моите усни
Додека матното око на градот не гледаше
Ние градевме ѕидови од камен помеѓу нас
Негледаќи како во воздухот треперат кристали за нас.

Ете ова е изјавата што ја дадов пред крстот
Кога се надраснав
Дека не сум измамник
Се удрив трипати силно со дланките по челото
Пред гробарот
И свештеникот
Кажуваќи
Кој мисли дека лажам нека ме носи со себе

Заминаа
Оставаќи ме во просторот помеѓу земјата и небото
Со сето мое време
Каде мирисот на смрта го немаше
Но аромата од бадемот што цутеше беше насекаде

Не слушнав дека ми простивте
Јас ви простив
Ако некој мисли поинаку
Покрај мене е дреновиот стап
Чинодејствувајте со него
Кажуваќи некоја паганска молитва
За да се ослободите од стравот

Се занесов
Но ви кажувам бидеќи сме стари познаници
Кои во проклетијата се смеевме како улави
А пред портите на рајот молчевме како недоносени.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...