недеља, 2. октобар 2016.

Не им верувајте на улавите



Една ноќ
Да една многу темна ноќ
Јас
И тројца улави
Да малку повеќе од мене улави
Бамборевме за чумата и чумосаните
За сето ова не се заколнавме
Но сепак небесата им ги оставивме на тие кои веруваа
Ама ете во сета таа улавост видовме
Дека чумата ми ти носела
Библиски матни теченија
Љуњи кои и срцето и деноноќието го параат
Потопи од зелени дождови
И крастави жаби
И  ете уште бамборевме бесмислија
За чумата и чумосаните
Во улавоста и едемската јаболкница ја видовме
Но  Адам и Ева ги немаше таму
Само алата се смееше задоволно
И чинам задоволни кожата ни ја дереше
А ние како пци престарени завивавме
И со голи прсти срцата си ги стиснавме
И си рековме само на себеси
Од јаболкава нема да јадиме
За да не се чумосаме
Е добро де
Ние улавите ќе си бамбориме
А вие јаде пак јаболка
Ама ако чумата ве вркни
Не се жалете кај улавите

Не ќе ви поверуваат


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...