недеља, 9. октобар 2016.

Сега и мојата Сенка е Среќна



Додека стоев исполнет со восхит под сенката на Манастирот
И раскажував на мојата сенка
Како ја покорив треската во крвта
Не ги заборавив
И  сите мои пропаѓања во кратките соништа
А таа палната
Додека зборував
Си играше со прамените на мојата коса
Сега и таа беше некако среќна
Не се морничавеше веќе на далечните гласови
Видете
Моите разбудени дамари играа
А таа
Таа
Потскокнуваше прашуваќи ме низ нашата заборавена песна
Не сторуваме грев,нели
Што и Бог го веселиме во овие мигови

Во далечините заплака ноќната птица
Душата на некој покојник и кажал
Дека сега сум подалеку од сите огнови
Недалеку од сето ова
Папсан пес со ококорени очи на гламњи легна
Не се огласи
Само увото на земја го залепи

А вие
Не ќе имате сила да ми ги измерите чекорите
Уште помалку
Да ми ја искините приказната
Знам
Од сето ова
Неколкумина ќе се вангелосаат
И јатото од зелени врани ќе им се кикотат со човечки гласови

Земи
И реков на сенката моја
Земи од нафората што утрово Игуменот ми ја даде
Земи и ти касни од парчето небесно
Ронките
Оставиги за птиците кои евеги црцорат оклоу нас
Пустината ја изодивме
Мракот го видовме
Сега ни ти,ни Јас ќе ги криеме солзите
Нека капат на земјата
За тревата повторно да никне.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...