субота, 24. фебруар 2018.

Само онака Човечки исплукајте ме




Треба некој да дојди,и да ме плукни
Онака Човечки со плуканка
Што ете
Престанав да бидам Човек
Невелам дека станав нечовек
Но одеќи во празнотијата,изгубив време
Кое Љубовта ме чекаше секогаш на Брегот
При тоа,по улиците додека шетам, не Богохулам
Но ми смета смрдеата од туѓиот отров што катаден го плукаат
Застананувам на раскрсниците
И чекам со часови да чујам како чука нечие срце
Но тагата го замрзнала и просторот и треперите
Побунети недораснати голобради бунтовници
Грабаат цели светови,гаснат штотуку блеснати ѕвезди
Нема Богови,нема молитви
Им зборувам
Светлината неможеме да ја изгасниме
Од Мракот неможеме да се откажеме
Неслушам никој никаде да раскажува Бајки
Ни пак некој да верува во Самовили

Простете,тивко ќе ја преминам илегално границата на постоењето
За Повторно
Да отидам во нероденото време
Каде никој не се плаши од Смрта
Вие,не ме презирајте
Само онака Човечки исплукајте ме
Што изгубив време во бесцелноста.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...