субота, 17. фебруар 2018.

Ако некогаш




Ако некогаш
Почуствуваш дека капките од дождот
Се солени,и те печат по кожата
Да знаеш само
Тоа се моите неисплачени солзи
Кои
Сум ги оставил одамна
Во рацете на судбината
Кога таа ми заврти грб

Ако некогаш
Слушниш како ветерот тажно завива
Да знаеш само
Тоа се моите оставени воздишки
Некаде на Марковите Спили
Кои ги остави во една ноќ
Кога немаше месечина.

Ако некогаш
Ете така од досада,наминиш во минатото
Слушни ги скитниците како раскажуваат
За скитникот кој подарува бесплатно насмевки
И мигови исполнети со радост

Но ако некогаш
Ја слушниш виолината како свири тажна песна
Замини од тој простор
Лесно ги препознава лажните солзи
И виолинистот.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...