петак, 2. фебруар 2018.

Јас еднаш живеев во еден роман




Јас еднаш живеев во еден роман
Не се сеќавам дали бев главен или спореден лик
Но сепак беше убаво
Неколкупати бев на работ од смрта
А два пати ја гледав месечината како плаче
Ама ете во тој Роман бев скитник
Скитник кој одеше на почетокот
А потоа кога ќе дојдеше на почетокот
Сакаше да биде на крајот
И секогаш во тоа одење го барав спокојот
А тој ми ти бил во срцето
Кога го пронајдов некаде на средината од патот
Помеѓу почетокот и крајот
Се случи и тоа
Ќе ви раскажам за најспокојниот ден
Кога и мравките несакаа да го реметат спокојот
Та седнаа и тие наоколу
И со восхит гледаа како се раѓа пурпурната зора
Нема да верувате
Подоцна
Кога се распосла светлината
Птиците пееа поубаво и од Ангелскиот хор на Небото
Интересно зарем не
Но не го измислив сето ова
Го напишал авторот на Романот
Во кој живеев се до оној кобен ден
Кога Романот никаквец го фрли во пламенот
И во тој пламен изгорев
Но
Тоа небеше крајот
Некаде напред
Гледам има нови празни листови
За некој нов Роман.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...