понедељак, 19. фебруар 2018.

Неоптеретени со постоењето




Неоптеретени со постоењето
Пристигнавме пред овој миг кога треба да се разделиме
И никогаш повеќе да не сонуваме допири
Од утре
За сите други се ќе биде исто
Само нам
пурпурот веќе нема да не радува
Мракот нема да не плаши
Ќе заборавиме на сите слики што ги цртавме во мислите
На усните само скрамата ќе остане
Подарок од јадот собран
А потоа
На другите ќе им раскажуваме
Како мирисаат соништата
Како изгледа да се изгубиш во лавирнитот на душата
И како соголени стоиме,небаре сме суви ветки

Од утре
Неоптеретени со постоењето
Ќе гледаме
Како пеперутките се радуваат на светлината од фенерот
При тоа
Слушаќи ја симфонијата на ветерот
Која буди нечии спомени.



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...