понедељак, 12. фебруар 2018.

Ехото на Твоите Чекори



Знаеш добро дека Љубовта почнува
Таму каде што мојот молк завршува
И сега не лажам
Зошто стојам покрај кулата смарагдна
Тука ја оставив болката
Барем таа да се одмори од несоницата
До вчера
Солзите ги продавав за насмевки
А денес
Ќе го бојам сонот
Ми здосади да го гледам во црно-бела боја
Колку е убав
Ќе дознаеш во идниот живот
Некаде во Малезија
Или во Перу
Каде уличен сликар ќе продава необични слики

Ма знаеш добро
Дека живеам во соништата
Одвереме навреме наминувам во реалноста
За да наслушнам
Дали сеуште на Булеварот одзвонува ехото на твоите чекори.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...