недеља, 11. фебруар 2018.

Се насмевнував тажно



Повторно истата насмевка
Повторни истите зборови
Додека седев со курвите кои имаа пауза
Не ми паѓаше пенкалото од рака од сето тоа
Прашално ги погледнав сите
Миреќи го збеснатите клетки во телото
Кога седнав,малку ги навредив нозете
Тие сакаа да стојат со часови

Се собравме,како луѓе да разговараме
Без да ја проколнуваме вистината
Подголтуваме некажани зборови
Му се насмевнувавме на чудовиштето,секојдневие
И небаре сме добри свирачи
Со прстите ги броевме миговите низ ударите на масата

Ах,рече најстарата и најискусна
Ако ве боли вашата вистина,ќе ви ја кажам мојата
Ги поминав границите на лудилото
Тогаш кога вие го баравте вашиот мир во душата
И,не погледна повеќе со сочуствителен
Отколку заљубен поглед
И го вратив погледот,зошто беше верна на вистината
И малку заљубена во илузијата
Некако знам,се чуствуваше грозно во својата кожа
Што ете ,беше постојано покорна пред сите
И длабоко закопана во мене.

Се насмевнував тажно
Додека ги раскажуваа своите приказни
Што ете така храбро ја прегнале смрта
Во оној нивни ден кога го прифатиле животот
И првпат видов
Дека сум еден непознат странец
Во нивните синонебесни очи.

Не се сеќавам на нивните презимиња
Но имаше нешто што не врзуваше сите нас
Во денот бевме скитници
Кои не ги бројат своите чекори
Додека во ноќта,блудни коплиња
Кои го џвакаат времето,за да и се допаднат на Љубовта.







Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...