петак, 16. фебруар 2018.

Се случи тоа




Се случи тоа,па ете те изгубив Тебе
Но некаде во парчињата на времето
Се пронајдов себеси
Навистина,сега неможам да го видам виножитото
Но и ти,не си веќе миленичка на Месечината
Но сепак не попуштам под теретот на надежите
Ни пак се давам во глупави мртви спомени

Напати
Се губам во бесконечноста на мигот
Каде се спојуваат сегашноста и иднината
Сакаќи во тој миг
Да ги оставам сите мои некажани зборови
Сите мои скриени погледи
И сите некапнати солзи

Чудно
Чуствувам дека сеуште постоиш во некој пеколен ден
Каде ветерот не си игра со твојата коса
А насмевките ти се обврска а не задоволство

Се случи тоа
Ете сега сум во едно парче,тажен
Во второто сум уморен
Во третото сум малку безгрижен
Којзнае каков ли сум во последното парче.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...