недеља, 18. фебруар 2018.

Од Љубовта позајмив Сто Алтани




Од Љубовта позајмив сто алтнаи на заем
за да и платам на Судбината
да ги трошам сите години со тебе
но ти
од рацете ми ги грабна
и на пазарот ги потроши
за грст туѓа машка пот
за тоа
Љубовта ми прости мене
Но Јас самиот на себе неможам да си простам
Што бесцелно сум ги трошел годините
Во лутање на празни денови
И ти знаеш
Потоа
Бев на север
Но беше слично таму како срцето твое
Бев на Југ, зраците пеколно печеа
Како лагите твои
За промена отидов на исток
само пустина имаше
Единствено на запад весело беше
На секој чекор по булеварите
Курвите танцуваа и со непознати

А денес
Денес, доволни ми се и два мангари за да сум среќен
Но сепак
Паричката во џебот ја чувам
Потребна ми е за скеларот.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...