среда, 14. фебруар 2018.

Ако Рајот беше ова парче земја




Ако Рајот беше ова парче земја
Како ли ќе изгледа сега пеколот тука
Навистина
Зарем не ве плаши оваа спржалена рамница
Од која и скакулците избегаа
Сега
И ничија земја да ја наречете
Никој не би ја посакал веќе
И дождот го нема одамна
Ветриштата ја заобиколуваат
Змиите избегаа главеечки
Само неколку доодени волци се влечат секојдневно

Ах мили мои,многумина би посакале ете тука да го почуствуваат оној опоен мирис на штотуку свареното кафе..да го слушнат гласот на малите весели врапчиња,како ја пеат утринската ода на радоста,да ги погали сонцето со своите први зраци,и да им каже тивко светлината пред нив..Добро Утро..ах мили мои

Да ,да мили мои
Бевте бесмртни
Но вашиот грев ве стори смртници бедни
И трулежот ваш ве пеплоса
И сега за криљата ваши плачете
Но свеќи не палете
Но молитви не кажувајте
Бесцелно е тоа

И семе ново да фрлите,не ќе никни
Кога семето на родот го испоганивте
Кога праведливите ги изгонивте
И венецот на правдата од раце им го грабнавте

Ах мили мои
Го слушам небото како за тагата своја раскажува
И во ваша чест,утре црна роса ќе роси
И Јас сум малку тажен
Што гледам како покрај бездната стоите
Радуваќи се на неродените пеколни денови.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...