уторак, 13. фебруар 2018.

Слушаш ли колку силно ѕидовите пиштат




Слушаш ли колку силно ѕидовите пиштат
Небаре се кучки неокотени
Или сееедно ти е
Како што му е сеедно на сивилово за денот што заминува

И затоа
Не се преобразувај во лажен мартовски сон
Залудно е
Болката на ѕвездите ќе те поклопи
Ќе мораш потоа
Пред пурпурот маската да ја извадиш

Што да кажам
Повеќе го сакаше огледалото,отколку мојот поглед
Не ме слушаше кога зборував
Сакај ме мене,и мојот грев
А ти
Живееше во моето Јаве
Додека во твоето беше само сенка која бега од спомените

Навистина
Слушаш ли како силно ѕидовите пиштат
Посилно и од волците самотници.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...