недеља, 27. мај 2018.

Скрцкајте и сега со вашите кучешки катници





Ако искинатите сеќавања на животот не ве научија ништо
Ако самоодрекувањето беше бесцелно
Ако ви се здосади од курви и вино
Ако шупливоста на душата не ја наполнивте со вистински зборови
Ако сте веќе папсани од омразата и кон сопствената кожа
Ако со кучешка њушка го бацувавте крстот
Тогаш
Е веќе дојдено вистинското време
Таванот на ноќта да се урни врз вас
И малку пеколно да се спржалите
И да заборавите на Огледалото
Затвораќи ги очите и пред Боските на Самовилите
Не плашете се
Во очите на другите тогај ќе бидете суртуци големи
И само дватројца ќе видите окоу себе,како тебе
Кои одат бавно но сигурно кон ѕвездите

Нејсе,Баба Цвета од сето ова ќе списка до небеса
Како црна кукавица ќе прокука
Гледаќи ви ја ѕвездената плетенка околу главата
И над челото ќе ви забаботи со нејасни прашања

Ве жугнав до срцето,нели мали непрокопсани сенки
Кои на три талири во џебот се радувате сега
Ама ниеден не чувате за скеларот
Од невиноста на Земјата се плашите
И вретено на времето не го држите во рака
Пред Смрта клечите и со молитви ја бркате..Бегај Сотоно
Скрцкајте и сега со вашите кучешки катници
Килави се вашите намери пред неминовноста.

Еве на небово се разлева веќе сребрена нејака мугра
Имате дикат време,маглата да ја оставите позади себеси
пред туѓата војничка чизма ве стори лепешка.








Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...