уторак, 15. мај 2018.

Стои сеуште скаменето камата




Со крцкотот на катниците го задушував ревот во себе
И оставав пискотливиот ветар да ја отвори спиралата на времето
Каде меѓу разбуфтаните камшици врз грбот на бедните
Стои сеуште скаменето камата меѓу скрките
Одвреме навреме ќе се јавеа,будалести херои,со набабрени утроби
Суви и жилави,чекаќи со неа да станат гонители
Но во залезот ги наоѓаа вкочанети,со крвави солзи.

Наслушнете,скркивие еве повторно пукаат од клетвите
И најавуваат нова свадба
Која ќе им подари модрикава тага на многумина во приквечерина
И притаена тишина,во која нема да се ронат млади ѕвезди.

Еххх,глаголам,глаголам,глаголам
Отворете ги очите,оти спиењето е чисто предавство
И не давајте горчливото семе да ви го исуши срцето
Околу очите темна рамка да не ви става

И доверливо ќе ви шепнам нешто
Сакав да бидам денес Хамлет
Да им се одмаздам на пупунците за предавството кон земјата црна
Што нивната неизмерна тага и зовриен гнев го истураа обилно
А потоа,во своето лудило,измислуваа приказни
Дека се вестители на светлината.

Сега ќе оставам,невидливата вода да потече
И проколнатите нека се измијат од гревовите
А ние,не сме слепи...нели
И за олтарот на Црквата,и за Лулката
Камата од скрките ќе ја извадиме....ако треба.....







Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...