недеља, 13. мај 2018.

Сега името ни е мрак




Сега името ни е мрак
Ако утре за ова историјата се сети
Нека не излее како кипови мраморосани на гребените рапави
Сетне,Земјата нека ни ги отвори бездните
И нашите сплетени ребра ни ги спрложи.

Почнува свадбараската игра во мртва шума,нели
Почнува,почнува,иде црната невеста
Со животен грч на срцето,ама жедна е за крв да знаете
Сонот од нашите пресни очи испари веќе
Гревот се собра во моминска утроба
А ветерот со камшици ни го скапува месото.

Мајко,се наежив оти те надживеав
Ете ,со нож ги заклав сите мои зборови,нека кркорат и тие
Утре со заскрната смеа ќе не лепат сите,на земјата
Небаре сме лепешки воловски
И во мракот,ќе ни цедат мрак место здив.

Кога смрта ќе не помилува,утре,задутре
И не праша онака Човечки
Ви студи ли,ќе и кажеме низ гладна уста
Не,со студенило се родивме,со студенило расневме
Затоа сме вака проѕирни,затоа тешко ти беше да не најдеш.

Сега името ни е мрак
А утре,утре ќе бидеме исто како развеани глуварчиња
Чекорите ќе ни гаснат,тивко,без лелек
Не ќе знае никој да раскажува за црковниот двор и гласната камбана
Само Светците ќе бидат сеуште без трошка сомневање.



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...