уторак, 2. јануар 2018.

Солзите на Ангелот(втор дел)

Од тој ден започнаа да течат деновите на Дедо Атанас,и Анасасија.некако по некој магичен редослед,во кој повеќе имаше насмевки отколу солзи..дедото со сите сили се трудеше во секој нероден миг да всади по некоја своја насмевка,и таа насмевка кога ќе се пресликаше на ликот од неговата внука,тогаш немаше посреќен Човек од него на земјата..
Секојдневен ритуал на Дедо Атанас беше да застана пред иконата на својот домашен заштитик да ја каже својата редовна утринска молитва,небеше од оние верници кој лажно одат во црква само и само да ги сметаат другите за големи Богоугодни Божји Синови,повеќе се молеше дома,пред тој малечок иконостас,кој тој самиот го направи со сопствени раце..кандилото,откако го запали првиот пат пред многу години,никогаш не се изгасна..
-кој ќе ми помогни сега Боже,ако не ти..навистина,за да ја спасам Анастасија,морав и твоето име да го злоупотребам,ама немаше друг начин,и затоа те молам простими за тоа..и дај ми ум и разум за да продолжам понатаму..
Не побара ни тогаш,ни пак било кога од Бога потврда дали неговите молитви се слушнати,или дали ќе се исполнат..само продолжи да живее онака како што го водеше неговото чисто срце..работеше,и заработуваше добро,а некогаш и повеќе отколку што им требаше..
Деновите,неделите,месеците,па и годините започнаа да се нижат во таа непрегледна низа која ја нижеа двајцата,ретко можеа соседите да го видат Дедото налутен,напротив,секогаш неговиот лик имаше ведар и расположен израз..навистина покрај Анастасија небеа родителите,но дедото се грижеше на секој можен начин да не го почуствува нивното отсуство..
Како што растеше Анатастасија,така нејзината убавина стануваше се поочигледна..веќе се наближуваше нејзинот 16 роденден,а градот зборуваше наголемо дека никогаш досега тука немало таква убава девојка..па дури отидоа толку далеку со зборувањето,што кажуваа дека ете и месечината напати и љубоморела на таа убавина,па се криела затоа во облаците...
Дојде и тој ден..16ти роденден,Дедото и ја исполни желбата на својата внука,која заедно со своите школски другари се собраа во најблискиот кафич,и го прославуваа..но пред да замине Анастасија од дома,облечена како вистинска Принцеза,во оној миг кога ја прегрна некако низ телото му поминаа некои ладни морници,некоја зла коб се сви околу срцето,но неможеше да ја одбие и да и каже да не оди...ја распосла својата широка насмевка на ликот,но внуката го виде грчот кој го криеше од неа во самите краеви на усните..
-Дедо,не се плаши,доволно сум возрасна,и нема да направам ништо со што би те посрамотила и тебе и Тато и Мама и Баба..нема..верувајми..знам дека се грижиш..но ајде..ајде те молам насмевнисе уште еднаш и да одам..
-знам знам чедо,но ете доаѓа тоа чуство,знам дека нема да направиш ништо лошо...
Замина Анастасија,но немирот кај Дедо Атанас се зголемуваше,и не му даваше мир,та затоа започна да шета постојано низ дворот,одвреме навреме ќе дојдеа соседите,ќе испиеа кафе или ракија,и ќе си заминеа..
Полноќта веќе одминуваше,кога продорниот глас на телефонот ја прекина сета таа мачнина која беше наоколу..со безбоен глас се јави Атанас.
-да повелете..
-Атанас ли е на телефон
-да јас сум,а вие кој сте..
-дежурниот на Полициската Станица,ќе сакате ли да дојдете до кај нас на еден разговор...
-што е што е што се случило,ве молам кажетеми..ве молам..
-Атанасе,во близина кај вас имаме возило..кое треба да се врати во станица,бидете дома,ќе помине и ќе ве земи,кога ќе дојдите ќе ве известиме за се
Незнаеше во тој миг Дедо Атанас што побргу да направи,дали да ги облече чевлите,или палтото...но додека во паника целиот се вртеше во ходникот,на вратата веќе стоеше млад Полицаец.
-дедо,ние ќе ве почекаме надвор пред портата..
-сега,сега сине доаѓам
Излезе така по кошула,и не му сметаше ладното пролетно ветре кое дувкаше таа вечер.
-што се случило ќе ми кажете ли...деца не си играјте со мене...ајде кажетеми ..со Анастасија ли се случило нешто...скоро низ плач ги прашуваше
Дедото во возилото зборуваше,но Полицајците само молчеа,нивните изрази доволно му кажуваа,дека и тие знаат,и дека за арно не го викаат..кога стигнаа пред станицата,тој брзо ја отвори вратата на возилото и со брзи чекори се упати внатре,а таму во ходникот,беше командирот на станицата,дежурниот и лекарска екипа..кога ги виде сите овие,само со рацете силно ги стегна своите гради,и се онесвести...младата лекарка,му даде стретство за смирување..кога ги отвори очите веќе седеше во фотељата во која го сместија...лекарствата кои му ги дадоа,сега започнаа да делуваат,па започна некако тешко да прашува
-што е,кажете ми луѓе,што е работата..ќе полудам веќе
-дедо...започна да зборува командирот ..и пред да ги изговори другите зборови.силно ја голтна кнедлата која му стоеше на средината од грлото...твојата внука Анастасија,сега моментално е во болница,знаеш.вечерва....
-ајде кажи сине не ме мачи веќе..
-твојата внука Дедо вечерва ја силувале....
Кога го слушна овој збор,Дедо Атанас повторно се онесвести...тогаш командирот на лекарската екипа им кажа да го носат и него во Болница...зошто ако го држат тука повеќе од сигурно ќе му се влоши неговата состојба...

-продолжува-




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...