субота, 6. јануар 2018.

Солзите на Ангелот(трет дел)

Изминуваше веќе третиот час откако беше сместен во креветот,а дејството на стретствата што му ги дадоа за смирување,полека слабееа,но затоа доаѓаше оној болен миг кога Дедо Атанас требаше да се соочи со реалноста...со силно и брзо движење ги извади од себе инфузиите кои течеа во неговото тело,и стана,упатуваќи се во ходникот....
-каде,каде е мојот Ангел,каде е кадее е луѓе...викаше..
Од крајот на ходникот дотрча младиот Полицаец,кој го фати цврсто за раката..
-смиретесе Дедо,смиретесе,сега ќе му се јавам на Командирот и ќе го известам,да ви дозволи да отидете.
-не ми е потребна мене дозвола,само кажетеми каде е мојот Ангел...
Зборуваа,но и се тегнеа во ходникот,Дедо Атанас,упорно одеше кон излезот на оделението каде што беше сместен,кога застана на самата врата,на скали веќе беше и Командирот...му стана јасноо дека нема сила која ќе го задржи тука,затоа смирено му кажа
-ајде дојдте со мене,ќе одиме кај вашата внука.
Одеа,не не одеа,Атанас трчаше,а командирот позади него,кога стигнаа на вратата од собата каде што беше сместена неговата Внука,Дедото брзо со погледот помина по лицата на неколкуте пациентки кои беа сместени во креветите..не ја виде,па повторно сега посмирено започне да ја бара..
-каде е ,каде мојата внука,..го погледна молбено Команирот додека на неговиот лик течеа солзите..
-тука е Дедо,тука,еве ја на овој кревет...
Од тоа што го виде Дедо Атанас,гласот му се стегна во грлото,гледаше и не им неверуваше на своите очи..пред него лежеше само една сенка ,без лик,ниедна црта немаше на неа од онаа негова Анастасија што ја имаше,што ја растеше..ликот,ако можеше да се наречи грчот кој беше распослан насекаде како лик,имаше темна боја,толку темна,што во мигот помисли дека и најтемната ноќ има повеќе светлина во себе,очите,двете најибави и најсјајни сонца што го грееа секое утро сега беа изгаснати,во тие две дупки,сега зјаееше некоја неприродна празнина,со некој неприроден вкочанет поглед кој немаше никаква цел..усните,тие слатки усни кои секое утро подаруваа по еден бакнеѓ на неговите образи,сега беа морди,и играа некоја чудна игра,игра која беше морничаво да се гледа,кога ќе се смиреа,правеа еден болен стисок,што во внатрешноста крцкотот на забите наликуваше на животно кое само што не нападнало..гледаше Дедо Атанаса,и се плашеше да го допри тој лик,се плашеше сега и неговиот допир да не и стори болка,затоа полека со болен молк ја пушти раката да ја допри својата внука..кога врвот на прстите го допреа нејзиниот лик,таа го погледна,и брзо го спушти погледот некаде во валканиот чаршав..навистина,сега стануваше свесен Дедо Атанас,колку енемоќе пред оваа нејзина болка..започна во себе да го бара најмилозливиот збор,со кој барем малку,малку да и ја намали сега таа болка..седна на самиот раб од кревето и започна тивко да шепоти..
-дојди,дојди кај дедо,Ангелу мој..дојди....кога Анастасија стана свесна дека навистина до неа седи нејзиниот дедо,брзо се фрли во неговата прегратка,неправеќи ништо со кое ќе ги сопре солзите..Командирот кој стоеше на врата,кога ја виде ова сцена,како дедото и внуката лијат солзи,неможеше да гледа,туку замина за кратко од тука..
Надвор,пурпурноста полека започна да се јавува некаде позади врвовите на Планината,и првите светли зраци влегоја во собата,Дедото само молчеше,и не ја пушташе од својата прегратка својата внука..а таа одвреме навреме,ќе се згрчеше силно,и низ некој болен пискот кој излегуваше од нејзините усни ќе ккажеше..не,не те молам..немој,те молам..Владимире..не..кога дедото ќе ја прегнеше посилно,сваќаше дека сега е покрај својот закрилник,та ќе се смиреше тој нејзин немир..
Кога Анастасија веќе заспа,во прегратката на својот дедо,покрај кревето дојде Командирот...
-Дедо,останете сега со неа,но покасно кога ќе биде спремна ќе дојдам да разговарам со неа,во ред ли е..
Дедо Атанас климна со главата во знак за одобрување.



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...