уторак, 2. јануар 2018.

Солзите на Ангелот



Дедо Атанас ги отвори и ова утро очите,и повторно немереќи го времето гледаше во таванот,оној ист таван кој небеше променет со години,сега беше малку пожолтен и на места испукан,но сепак беше цврст и ниедна ронка од неговата белина со години не се сринала на подот.Гледаше долго време додека петлите пееја наоколу,и со песната кажуваа дека повторно започнува да тече светлината небаре е река незапирлива.
За сите часовникот на времето вртеше толку брзо,што некои и неможеа никогаш да одат со тоа темпо,ама,ама за Дедо Атанас,времето беше најголем непријател,врвеше,не,не врвеше,туку се влечеше поспоро и потешко и од неговите чекори,и секогаш небаре беше врзано како тешки пранги на неговите нозе...та и ова утро,ја отвори старата дрвена порта,одмавнуваќи со раката на чкрипењето од скоро зарѓаните резиња,и ,исто како вчера зачекори по улицата кон блиската продавница...ете толкав беше светот негов..мерен со чекори..
Го кажа своето добро утро во продавницата тивко,тој мислеше дека е тивко,но неговата грлатост никогаш не исчезна.та зборовите одекнуваа во тој простор,го отпоздрави продавачот,и со тоа се завршуваше и овој денешен ритуал,неговите соседи кои ја знаеа причината за неговиот товар,веќе не разговараа,прекинаа и да го тешат,и ја испоштуваа неговата желба,сам да ја носи својата тага на сопспствените плечи..та затоа ги зеде потребните дневни намирници и замина повторно во светот на тагата...небеше тоа живот,повеќе би можело да се наречи пекол,еден тивок подмолен пекол кој секојдневно го разјадуваше се повеќе и повеќе,пекол кој се повеќе и повеќе ги сушешеше неговите ионака кршливи коски..а кога ќе се вратеше,започнуваше да го живее живото исполнет само со спомени..
-Тато,Мамо,знаеме дека вие најдобро ќе се грижите за Анастасија,и затоа сега ја оставаме кај вас привремено...ние само да се снајдеме малку подобро,и веднаш ќе си ја земиме кај нас..знаеме и дека не се лутите за оваа наша одлука...беа последните зборови кој ги кажаа Никола и Марија родителите на Анастасија кога заминуваа таа вечер за Германија..
-знам знам синко,и ти ,не се грижете ќе ја чуваме како зеницата во окото..само вие бидете добри,и тогаш кога ќе решите да си ја земите,ние ќе ви ја донесеме,нема потреба да доаѓате вие..ајде сега одете и нек Бог биде со вас секој миг..ги прегрна и двајцата и остана со погледот да го гледа заминувањето на возот.
Како што капеа солзите на Дедо Атанас,и Баба Милена,така капеа солзите и на двегодишниот Ангел,кој и колку да не ги разбираше работите,сепак чуствуваше дека сега судбината започнува да пишува една друга страница во нејзиниот живот..сурова и тешка..
Времето одминуваше,брзо,и незапирливо,но само за една година стигна една од најтешките и најболните телеграми во дворот на Дедо Атанас..Неговиот Син и Снаа загинале во сообраќајна несреќа одеќи утрото на работа,пијан возач на камион ги прекинал сите соништа кои тие двајцата ги сонуваа со отворени очи..
Со само три години живот Анастасија по втор пат го чуствуваше најсуровиот камшик на судбината врз сопствената кожа..остаана само тие тројца сами во овој свет да продолжат понатаму..ама ете,кога во судбината ќе се замешаат малите улави ѓаволчиња,кои знаат напати да го украдат тоа величенствено перо од неа,и меѓу редови да напишат нешто што никој смртник не го посакува...тагата која се сви во срцето на Баба Милена беше толку голема и тешка,што таа тежина не го издржа нејзиното срце,па само шест месеци после тоа и таа замина засекогаш од нивните животи..
Останаа само Анастасија и Дедо Атанас,да ги облечат железните опинци кои им ги даде животот,и да тргнат по најнерамните макадами кои им ги припремаше..
Секогаш кога ќе почуствуваа дека тагата или солзите се доближуваат до нив,тие знае да се одбранат со најубавото оружје,прегратката,ќе се прегнеа исто како што се прегнуваше земјата и небото,и молчеа..и низ молкот ги миреа сите бури кои беснееа во нив..
После неколку недели од смрта на Баба Милена во дворот дојде службеничка од Центарот за Социјални Грижи,со решение дека треба да се одземи од Дедо Атанас ,детето.бидеќи тој не бил родител,и дека треба детето да се даде на посвојување..додека службеничката со својот бесчуствителен глас зборуваше,двајцата полицајци кои беа дојдени како заштита,само молчеа и гледаа во земјата..тогаш Дедо Атанас ја погледна во самата срж на нејзините очи на службеничката и ,и одговори..
-Госпоѓо,овие раце се толку чисти,што и Ангел би се засрамил пред нивната чистота,досега на овие раце не капнала ни капка крв од кокошка ,не пак Човечка...но ако се осмелиш од мене да ја оделиш Анастасија,која ми е аманет од мојот син и снаа,тогаш ни Бог не ќе биди моќен да ме сопри кога ќе тргнам до последен човек од твоето семејство да го убивам..тебе ќе те оставам жива,да гледаш како исчезнува пред твоите очи се што ти значи..ги кажа овие зборови,и силно до себе ја припи Анастасија..а таа знаеше дека овие мигови се одлучувачки,па затоа болката од стисокот на дедовите раце реши д аја издржи со стиснати заби.
Еден од Полицајците  кој беше како заштита на службеничката се доближи до неа,и тивко и кажа..
-Госпоѓо.ние може да ве заштитеме,тука,и сега,но неможеме 24 часа  вашиот живот да го штитиме..а гледаќи колку е сигурен во своите зборови,ве уверувам дека тоа што го зборува и ќе го направи..па ако сметате дека е вредно остатокот од вашиот живот да го поминете покрај гробовите од вашите најмили,повеле земетого детето..
Во секој нареден миг,ликот на службеничката се менуваше,од бес до очај,но бледилото растеше се повеќе и повеќе..преминуваќи во некое неприродно мртовечко жолтенило,и со тоа жолтенило и со силно стиснати усни замина од дворот на Дедо Атанас..
Заминаа,а во дворот останаа двајцата,се до оној миг кога Анастасија низ болка процеди..
-Дедо пуштиме ме боли..
Тогаш Дедо Атанас стана целосно свесен за болката која и ја предизвика на својата внука..брзи ги отпушти своите челични  раце од неа и клекна на колена молеќи ја за прошка..
-простими,простими чедо мое,простими навистина..прегнуваќи ја толку нежно,што и ветеррот кој дуваше застана во тој простор да не го ремети тој миг.


 -продолжува-




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...