понедељак, 30. април 2018.

Не ги казнивме душманите,тие ни ја зедоа иднината





Додека некои,ни го омеѓуваа времето
Ние,застанавме,небаре сме свеќи на изгаснување
Во проклет,плашлив простор од Вселената
Та скршени од болка,го молевме Бог
Барем тажните зборови да ни ги земи од мислите наши.

Сега дури узнавме,дека Братската слога ни се стопила
којзнае,можеби затоа што Љубовта ја претворивме во омраза
сакавме да му кажеме,додека згугурлени седевме
Не стасавме да остариме онака Човечки
Простини,што сега со молитви си ги плакниме очите.
Ете ,ни далечините не можат да ни ја стопат осамата
Патеписците за нас ќе пишуваат дека сме скаменети сенки
Свилата ни ја зедоа,проклетници,на која го везевме и Небото и Земјата
Можеби затоа сега ни тежат рамењата
Да знаете само, таму лежеа сите наши сонувања.

Ех,расневме и во суводолиците,и вишнеевме кон небото
Исто како Јабланите,и се печевме на камењата низ вековите
Бојата на денот ја менувавме,вкусот на времето го дишевме
Јалдази на земјата садевме,на моми ги подарувавме
Пиевме,пиевме Господе од Нектарот на Вечноста.

Ора,ора стариот плуг на времето повторно на оваа земја
Ама,неможе да ги расклешти камбаните за повторен воскрес
Не ќе растиме тука со гордоста твоја,се јоктисавме
Не ги казнивме душманите,тие ни ја зедоа иднината
Сега животот за нас ќе биде само тажен запис,а мислевме дека ќе го надживееме.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...