петак, 27. април 2018.

Стравот





Стравот
како своја престолнина го зеде срцето.
Се прогласи за Чудотворител
а не причинител на секакви безумија.

Рече,бил повеќе истребител,помалку избавител
та како што беше угу гол
Зеде со својот змијовиден камшик
месото да го прочистува од секакви гревови.

Е де
еднаш донесе и утешение и заштита
кога беше згуснат мракот,и се лепеше на темето
молитвата на невидливиот Светец го скаменуваше
та стануваше голем пакосник

Многу ги сакаше кучешките заби на крајот од усната
и секогаш мувлосани коски им даваше да глодаат
незнаете,страсно ја љубеше гробната светлина
тогај стануваше читач на минатото
и како виулици носеше нови морници.

Имаше и тој триста маани
Небеше син на Сребрената Месечина
Гласот му заоѓаше,кркореше тивко
Кога боските на Цвета ќе му прелетаа пред него.

Којзнае,дали некогаш ќе излезе од мракот на споулавената надеж
И својата зелена крастава кожа ќе ја фрли на сонце
Но никогаш нема да биде сеач на плодно семе
И сеедно ќе му биде,што е понеделник или сабота.








Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...