петак, 13. април 2018.

Имам порака за сите кои јад доручкувале



 Што е крстена Душо

Не ти чини и ова расо од парталчиња
Мислиш си грда како некоја сојка опустена
Или збрлавен пупунец
Ами улава си до таа мера
Што ни сенката на Манастирот неќе те покрие
Го имаш чуството дека си мала
Ај зини,па надеж ќе ти дадам
Умираш во секој заод
А не воскреснуваш со лилавиот пурпур
Молиш да те вратат кај коските пожолтени
И акаш по друмој небаре си проколната
Не се бориш за иднината своја
Ех душо ,душо
Македонска
Беше блага по нарав
Ти,која низ виното ги кажуваше молитвите
И ни ја лекуваше палавоста
Ти која го носеше мраморниот крст на грб место нас
Ти не нурна во некоја своја тишина
За да талкаме безгласни низ домот
Ами слушам
Сега со лесков стап ќе не Благословуваш
И со црн темјан ќе не подчадуваш
Кога утре
Сушите,гладот и чемерот ќе не сотрат

Имам порака за сите кои јад доручкувале
Вчера,додека првите ѕвезди се спуштаа на сводот
Сум ти заспал покрај морето на светлина
Чинам тоа беа позлатените Божји Нозе
И натемаго беше таму,одлево
Малку се тетеравеше со мали полумесечини во рацете
Заплакав,со горчлив вкус
Оти воздухот беше невидлив
Не пиев тогаш мрак и крв да знаете
И узнав
Оваа пролет стануваме сите покојници
И утре кога ќе ни ја ораат кожата
Кога ќе ни продолжат родот под земја
Не ќе воздивнуваме лесно како во детството
Ами ќе знаат само по дамките на земјата
Кои на ликот ќе се јават
А душата Македонска
Таа како скриено злато Млад Апостол ќе ја носи
И на мрсулковци како нас не ќе им ја дава

Нејсе
Се е испомешано
Не ме спомнувајте,проколнат сум
Проколнати сте
Оти пред сонливо сонце се поклонивме
И се наранивме со тајните на притаениот ѕвер
Утре,некоја непрокопцана ќе роди пис дете
Кому времето нема да му биде вечно
И само со солени созли ќе се радува
Нејсе
Утре на педа ораница свадбарско оро ќе играме
И ќе имаме облик на чудовишта.









Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...