уторак, 17. април 2018.

Како Петко Вампирот од приказните на Дедо




Со својата скрб и будалестата надеж
Ископував зло од каменот црн
Мислеќи така,дека злото во Човекот е мртво
И им глаголев катаден на добитчињата невини
Дека нивното умирање е хумана работа
Која судбината им ја одредила на Сведен Голем.

А потоа
Кога низ катниците ми се цедеше крвта нивна
Не се чуствував бедно,како Петко Вампирот од приказните на Дедо
Ами возвишено,нивната смрт,со вино кисело ја славев
А потоа,полупијано,на каладрмата и раскажував
Додека  во чвор чуден ги плеткав чекорите.

Ами убавини беа тоа,да знаете само
Кога на туѓата смрт утеха и давав
Или ме убеди така Цвета Блудницата
Која на Боските Свои тајната Вселенска ја имаше залепено
И кожата и мирисаше на мелеми од треви исцелителски
Ех, кога Бедрата ќе ги раширеше
Лечеше и страшен очобол и миреше секакови тегоби.

Сега вие,со презрение не ме гледајте после ова
Оти живеам за смрта нивна
И за призрачните патеки кон постелата
И не ме нарекувајте кучкин син
Туку научетеме како да јадам варена коприва
И како да го наслушнувам животот
Кој пее секогаш со молбени арии во срцето.









Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...