уторак, 10. април 2018.

Болскот на една неродена желба




Ако денот го издолжиш до далечините каде одмараат петстотини денови
Ти веќе не си урочен од третата наречница
И се преобразуваш во небесен болскот на една неродена желба
Си созреал,си собрал храброст да сееш надвор од четирите ѕидови
И не познаваш веќе миг на очај,ни пак страв,или замор

Еј Човеку,се сеќаваш нели,кога во себе чуваше мртви настани
И секогаш одеше под сенката на источното сонце
Со законот на суровост ги милуваше пролетните пупки на дрвјата
И признај,го сакаше ловот на луѓе кои не сакаа приказни и бајки
Кои со своите беспомошни надежи се заплеткуваа во твоите заоди.

Еј Човеку,се сеќаваш нели,пред четириесет години,во матна белина
Во едно есенско попладне ти претскажуваш за ова
Немаше околу нас,ни луѓе ни птици,само времето врвеше
Ти слушаше,очите ти бабреа,,и молњи живи се раѓаа таму
Но ете се покори на темнината,преобразена во семоќ на уништување.

Нејсе,јас до првата утрина ќе бидам без чуство за тежината на коските
Ти,не чемреи,оставиго ветерот во косите нека си игра
Камената утроба раскршија со огнениците во крвта
И стори повторно Библиска победа,оти си син Давидов
Послушајме,и распливнија насмевката,сите тајни,виното ќе ти ги каже.

Ете глаголев,глаголам,доглаголив
За се друго ќе ти раскажам во иднината
Каде судијата не суди со нож.ами со прегратка
Каде говедарот и царот седат на трпеза недогледна
И заодот оди кон изгревот.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...