субота, 14. април 2018.

Кон голтарите кои мислеа дека се Буржуи




Додека свеќите на многумина им се гасат,Јас немам веќе солени солзи за нив да плачам,само брзам во времево,и внимавам,на секаков начин да и се спротиставам на Смрта,не да ја понижам,или да се и се посмевнувам..ами..несакам сега да станам бескрвен бегалец во глуви простори.
Немојте да сте помислиле,секакви молитви да баботите пред неа.не ќе ви даде да цицате од нејзината боска млеко бело,или пак некој млак сон,ами ќе стори се,да не сватите дека е веќе ноќ,долга ноќ,бескрајна ноќ.
Треба да знаете дека тагата го уби злото во мене,и можеби затоа сега ни воздишка,ни копнеж будам за вас.
Со грч се држам за земјава,и барам,не плодна земја на која би сеел глуво семе,ами карпа за завет да сторам,и со ококорени очи само да гледам како леунки со клетви дојат,како живите им се восхитуваат на мртвите,и како на скаменети опинци многумина вообразени се враќаат.
Ништо,ништо нема да биде веќе од оваа спржалена земја..и велмам на Враната карши мене,ај опулисе кон нив..кон голтарите кои мислеа дека се Буржуи..не скрбат,туку оставаат врз нивните ќерки и жени,апежи стрвниците да ставаат..некои и живо месо кинат..за од излитен пехар вино да испиат..
Не се ни улави,не се ни бедни,ами само сенки кои крадат драм светлина..
Глаголиш сешто..подвикнуваат пупунците кои потсконуваат на правот кој останал од вчерашниот ден...во средината на Мај.тука ќе дојдат улави ветришта,и ќе не плисни порој здивен..и многумина ќе се простат од сонот..и див лук само ќе се јади..и грст пченица богатство ќе биди..чинките ќе оживеат.мртвите ќе се пробудат..живите ...со луциферијанците козите на угар ќе ги пасат..и Манастирот ќе го рушат..
Сето ова,некој луд Петко кој на сите им личел на измитарен стаорец го напишал на некој стар папирус,и го ставил во ќуп кој неговиот дедо го оставил,три педи свинска маст врз тоа ставил,и се упокоил мирно.
Кога смрта глодаше врз купот од човечки коски,ова го најдов таму..и сега незнам..дали е само запис од некој стаорец,или пророк..ама распетието го гледам и во овој изгрев..а кругот кој вчера го пишуваше белината,сега некако е испрекинат..кој ќе ти знае...



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...