петак, 02. јун 2017.

Ден Денови



Стравот стана нашата иднина
Отровот нашата храна
Додека пукнатините на свеста ги полниме со туѓата болка
И пробај тогаш да сакаш
Одиш до дното

И шепотиме без сјај во очите
Додека скитаме небаре сме сенки
Оставаќи трага на постоење
Само врз валканите чаши
Каде пелинот ни го сервираат

Ден денови
Само пресликани празни капки во потокот на времето

Зарем навистина ја избришавме
Изгравираната небесна вистина од нашата кожа

И оставивме ден денови
Да умираат побрзо од нас







Се е поинаку

Додека Амброзијата на Љубовта течеше Белите коњи го започнаа танцот под виножитото Среќата,беше започна златната купола да ја изв...