среда, 18. јул 2018.

Со Ѓаолот не фаќај работа,оти после нема назад




Се собравме ние,утрешните покојници ете во оваа година на неприродно умирање,во глува доба,на пис ледина..и малку со млеко од глуварче се замивме,да ни бабуњоса суратот...аха,и со вилиците скрцкавме да знаете..ами тоа улавите сенки кои дремеа во мракот карши нас..да знаат дека сме похрабри од нив.
Не бре мили мои,нема да пишуваме историја,не се плашете,шупливата планина над нас е, и да ја напишеме ќе ни ја голтни..ами за Лазе Бубачката и Арсена Лепешката се собравме да ги понижиме ете пред Месечината..друго и неможеме веќе.
Прв стана Ристе,кој беше роден на сведен голем и под среќна ѕвезда,та заглаголи со сила посилна и од ветер збеснат.
-грев на душата нема да ставам,ако кажам дека Лазе треба кнез да ни биди,ами бубачка си е бубачка,како можи бубачка бумбар да се стори..тој кутриот огниште нема,а треба огниште наше да ни чува,и дедо негов како пес сконча на ледина,и татко негов липса крај реката.та и овој некаде волци снага ќе му тргаат..неоди,што неоди неоди..ако тој улавоста го обеземала,немојте и вам да ве обзема..
Со лејките,сите свртивме горе долу,лево десно,кажуваќи му така дека е во право,и дека ќе биди и утре во право....
Се јави Крсте штракнатиот,а штракнат беше оти кога бевме на девете години,е де,деца бевме,не му земајте и вие за зло..кај Цаневци ми ти ја тегнел за цицки кобилата нивна,а таа пустата,побрлива беше од него,та го треснала со копитата по вилиците,што и паметот малку му го поместила..и отогај никој не му го премеруваше неговиот збор,ама го остававме да си кажи...
-е вака...малку одважно се исперчи пред нас..ова се лоши времиња,и за вакви времиња,многу многу не ни требаат домаќини,ами некои како Арсена..сега малку смрди како лепешка,ама е ачик сегде да се пикни,и на секого да му се залепи,малку е незгоден коа ќе вркни едно пет до десет чашки брлива ракија,но кога се мора,се трпи...и знај бре луше да ги намириса тие пусти пари,сега незнае да ги чува,ама ги наоѓа како никој друг..е затоа мислам за кнез д го избереме ние Арсена Лепешката..
Што им стана на лушето од овие муабети,незнам,ама некои почнаа да климаат со глаат,некои вртеа лево десно..најмногу не плашеше молчењето на неколкумина..и додека тие молчеа,од кај дојде,како дојде,од земја ли никна,од небо ли падна..пред нас се најде Попот Невен.
Е тој Поп небеше баш како цвеќето Невен,оти овој нашиот ми ти беше баш голем колку едно соѕвездие,од оние малку потемните,но знаеше да пцала убо,толку убо,што од милина и гуштерите,и змиите,и гавраните,и пилците околу црква стоеа и слушаа кога Поп невен пцалаше.но Невен си имаше и малку тересене страна...колку што тураше вино за Благослов во Црквата,трипати повеќе тураше во грлото,ееее тоапустото коа ќе зовриеше,Невен,Невен наш стануваше Пелин..дека е тој,знаевме по реата винска шо дојде пред него од темнината..ама се натопори пред нас и без да не праша нешто,а знаел пустиот за што сме ти седнале на ледината..зеде да глаголи.
-море улави,море брливи едни..вие судбината на светците не ја знаете,а ваму,сакате правдини да терате,грев на душа да не ставам,ама половина од вас сте како заспани пупунци,а другата половина сте потомци на плашлив сој,и вие сакате сега да изберете кнез кој ќе се бори со веди пламени,со пајаци лигави,кнез кој нема да се плаши од сладок замор,кнез кој ќе треба да засука ракави кога всело ќе се тупосаат бедници,крадци,и разни гадинки од човечкиот род..ааа..вие кои заспивате со сништа за замислени јунаштва,ама само заспивате,кога ќе се разбудите..ете тогај,од светлината се плашите..вака да си знајте..Лазе Бубачката ќе биде кнез,а Арсен Лепешката негов заменик..толку..го кажа ова и како што се појави така исчезна...после тоа пола саат се думавме,што бидна..ама бидна..
Лазе Бубачката стана Кнез,и секи ден бараше да го уважуваме небаре е Бумбар..Арсен,Арсен со Невен се натпреваруваа кој поголема бочва ќе крени..ете,касно свативме дека Ѓаоло не надупи догаш да ги избериме овие..ама нема назад...ќе си ги трпиме..и за друг па ќе му ја мислиме,со Ѓаолот да не фаќаме работа..






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...