петак, 13. јул 2018.

Заспан Бездомник




Пукнаа планините под ова алово и лилаво небо
А земјата ја посла сета своја морничавост
Чунки така се дочекувало безимен светец со пламена облека на себе
И тогај,и ѕидовите посакаа да заплачат
Ама курвите беше ги проколнале додека си го миеа срамот
Та останаа неми да ја паметат само болката втисната.

Од наквечерините на денот,се извлече стопанот на мракот
Малку стенкаше од утробата,малку гребеше со своите ноктести нозе
И малку низ ноздрите дишеше магла
Та заглаголи со арамиска исклештеност
Подаваќи ги своите ковчести раце
Кон заспаниот бездомник,кој евангелието не го читал.

Исплети пајакова мрежа над соништата
И тагата растурија по светот
Направи двојници од светците
меѓите на земјата избриши ги
правеќи така да се апат меѓусебе со забестите муцки
а дните стори им ги трошни.

Така
Времето
И сите идни времиња
Ќе ги одалечиш од сите Човечки воздишки.









Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...