четвртак, 12. јул 2018.

Не сакам да живеам повеќе во земја каде што не постои Бог




Не се поздравивме,а глупавоста не испокина,и нам и спогодбата што ја направивме порано преку вестителот,кучешки се абевме до безумие,а потоа небаре сме налудничави монаси,чинодејствувавме надвор од манастирските ѕидови...дајтени ги нашите обетени небесни пространства...
Ама ете,надвор од судбината,по толку лета,седнав на карпата сува,под која можеби некои ајдуци закопале суво злато или сребрени алтани,но сеедно ...јас со двете раце го расфрав насобраното сончево злато околу мене,пред невидливиот иконостас што никој не го гледа,и зедов да се исповедам.
-несакам да живеам повеќе во земја каде што не постои Бог.
Позади манастирскиот ѕид ѕиркаше клетникот кој многупати сакаше да биде челник,а беше само ситен бедник,и од таму довикна.
-Андоне повторно ли сам со себе глаголиш,или измислуваш сега некоја нова молитва.
-замолчи,гром да те убие,замолчи,зарем не ги слушаш пциите како здивеа од реата на твојата уста..
Веѓите му беа густи,од ова,уште толку нараснаа,лицето беше му се бакардоса,над очите сенка му надвисна,и усните му се пеплосаа...
Ја чуствував омразата,и неговата и на останатите,толку започна да се плоди што и оваа недојдена пролет ја гламноса,небото со глам облаци го препокриваше.
-не се обеспокојувај клетнику,не се нуркам веќе во глобочините,ќе ти ги оставам тебе празните ноќи,нека сега ти бабрат очите,и нека околу снагата ти се сновата сенките.
-а ти Андоне,каде ќе одиш што така силно се исповедаш,и гледам се простуваш и со земјата,и со камењата,и со водата,а од небото бараш и прошка и милост.
-еххххх клетники,клетнику,знам дека си син Богданов,Златан беше ти името нели..
-да Златан...ги развлече усните од уво до уво..
-се простив од невидливата и гнасна омраза,ги оставив таму во скрките сите сомневања,и сите писоци што ми ја параа утробата ги смирив,и сите сетила што ми ги даде Бог на оваа земја се мртви,а знам,кога пред само седум дни ја слушав како глаголи,гласно,толку гласно што и моето наглуво уво слушна....го погубивме,и го закопавме на сува земја без крст,ветришата песокот ќе го растурат,та трага од него нема да има...и се кикотеа,и плукаа,и се испоганија на крај...што да правиш Златане,времето ти е создадено од нишки неродени,ама за тие кои знаат да живеат..незнае дека тој ѕвер сега спие во неа,но за седум полни месечини ќе се разбуди..а јас ќе бидам далеку,толку далеку што за тоа ќе знае само Семоќниот Бог,и по негова заповед месечината ќе ѕирка дали сум таму,кога ќе види дека сум,ќе блеска со сјај наоколу мирно..
-а јас што да правам тука Андоне.
-ти,ти Златане биди сведител за се она што бев Јас.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...