понедељак, 16. јул 2018.

Бев вљубен во Светица(без ореол над главата)





Под сонлививе клепки,малку обземени од здодевност
Згугурлена етеја песната останала ненапишана
Затоа,дозволете ми сега да бидем слуга на зборовите
Заедно со Достоинствените Гаврани,кои низ солзи ќе ме тешат.

Бев вљубен во Светица,без ореол над главата
Повеќе курва,помалку жена,најмалку домаќинка
Незнаеќи дека така сум ти станал заложник на Смрта
Та во секој неделен изгрев,како утрешен покојник
Го развлекував дождот,а Таа ми простуваше за улавоста.

А потоа,помеѓу двата Човечки животи
Првиот зависен од желби нестварни,другиот сокриен во туѓ сон
Зафатени од огненица во крвта,се доближувавме како непознати ѕвезди
Се заветувавме пред блудот,дека со вино ќе го Благословиме.

Станувавме и ехо и сенки,правеќи со нашите воздишки круг во небото
Сакаќи така да станеме повечни од времето,посилни од ветерот
‘ртевме и умиравме,и пак со семето се обновувавме
Не се восхитувајте на ова,оти правот на ‘рѓа потоа падна врз нас.

Можеби мојот мртов двојник на ова се радува,и сонува
Сеќавањата да го воскреснат,и во непозната галаксија,без заод,без облаци
Каде сите громови се слеваат,да пие вино,и да блудничи
Мојата сенка,евеја ме втаса,кажува,таа е покојник
Прочитала на воловска лепешка.

Вие не ја знаевте оваа песна,нели
Јас си го измачив јазикот,но вистина
Бев вљубен во светица.без ореол над главата
Повеќе курва,помалку жена,најмалку домаќинка.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...