уторак, 26. јун 2018.

Не се плашам од Смрта





Не се плашам од Смрта
И мигот кога таа ќе дојди
Се плашам од Земјава што ја газам
Оти некако знам
Дека ќе ме проколни за молкот мој
Што го распостилам насекаде
Додека таа крика претсмртно
Се плашам
Да не,не се отвори кога ќе треба
Та да ме остави на некоја карпа црна
Каде гавраните ќе чопкаат од трулоста
Каде пциите само ќе завиваат злокобно
Каде што ќе нема ни штурци
Ни мравки во рој

Се плашам,сега
И од Перун и громот негов
Го навредив во часот тој
Кога кажав под дабот стогодишен
Дека не е мој Бог

И Свети Илија
Енего зад планината стара се спрема
Сто Громови да фрли на ова место
Што светоста негова ја извалкав
Токму тогаш
Кога замолчив.

Да,да
Не се плашам од Смрта
И мигот кога таа ќе дојди
Се плашам од Земјава што ја газам
Оти некако знам
Дека ќе ме проколни за молкот мој
Што го распостилам насекаде
Додека таа крика претсмртно







Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...