Ако некогаш
И негде на
некое место
Каде што нема
Ни земја,ни
воздух ни вода
Ни пак ќе виде
важно дали крвотокот клокоти
Или воздишките
итаат
Или пак само
замрзнато висат
Ако некогаш
И негде на
некое место се стретнеме
Тогаш посакувам
Да биде
Проклетијата
Така е подобро
и за двајцата
Без тага во
себе и над себе
Збунети,над
сите реки во кои плови матна вода
Ќе ги влечиме
раскинатите сенки
Од апежи на
збеснати пци.
Така е подобро
и за времето
Во своето
бледило ќе не заспие
Без нашиот
гласен крик
Правеќи не
невидливи
Така е подобро
и за Судбината
Да не клечиме
бесцелно пред небесата
Со нашите
недостојни надежи
Така е подобро
И за животот
Кој поминува
само како ехо изгубено.
Нема коментара:
Постави коментар