Несакав повторно
да паднам во длабочините на непостоењето
И можеби затоа
останав недоречен меѓу испокинати соништа
Емисарот кој
беше од родот на заборавените,ги протегна нозете
Прогонуваќи ги
сите папсани спомени во минатото.
Од модрите
височини,орлиштата му се потсмеваа
Зошто постојано
ги развлекува далечините со бесцелни скитници
На кои мислите
им се само далечни еха
Не разбирам од
сето ова ништо
Магловитиот заод
само привремено спокојство носи
Нема коментара:
Постави коментар