четвртак, 11. август 2016.

Ова е химната на дејствување





Болната мелодија на сите неродени зборови
Денес пееше со сенките
За Човековото раѓање и умирање
Времето беше изгубено за ним
Им остана уште предѕвездената ноќ
Каде со метафори и симболи ќе раскажуваат
И драм отров од јадот  ќе пиат

Не им беше судено вака
Но ураганот на судбината ги сортираше
По линиите на дланките
И сите изгубени далечини.

Ако помисливте дека ова е само предание
Или втисната трага низ столетието
За смислата на сознанието на светот
Неомнено дека се измамивте

Ова е химната на дејствување
Како да избегнете опасност од лелек и крик
Заради вашиот романтичарски третман на ставрноста
Кога во својот занес

Ја бришите границата помеѓу сонот и јавето


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...