Судбината на скаменетите им го пиеше здивот
Во притаените ридишта каде што го немаше ни цутот од багремот
А тие,ете сакаа само да живеат во минатото
И не бараа никој да ги осудува за нивната чемерна замисленост
И воздивнуваа неутешно бидеќи беа превреме остарени
Така е,да разбереме
Тагуваме и си го носиме Крстот сами на грбот
Туѓата жена е само нечија туѓа жена
Сончевата дарежливост е за сите
И заветот на прадедовците со неа која ние го добивме
Го исплукавем,го испоганивме,и сега
Редот на Бесконечноста не скаменува
И треба да не скамени
Малку е што с еколиме,и оставаме д ане колат како говеда
Та ги пребројуваме туѓите гревови во паузата
додека крвникот пуши цигара и се
слади со нашите најмили
и само блебетиме
ќе се одмаздиме,тогаш кога ќе ја затвориме туѓата порта
оставетеги скаменетите
под заштита на судбината се
житницава пред нас запекала пустата за аргати
ослободете се од внатрешните окови
а не само очите да ги миете со млаки молитви
а надвор од манастирските ѕидови повторно гнаси да бидете
оставете
оти натемаго сите ќе не седни на еден ист кол.
Нема коментара:
Постави коментар