Се пееше за сеќавањата,а потоа заборавот
Молк
Сега го раскажав крајот на сите настани
Ќе преживеам
Но друг ја слави победата
Допишуваќи ја историјата на искинати и расфрлани парчиња
Сега се е истинато и скаменето
Болката ме одбра токму мене
Ќе чекорам со крвави стапалки
А ти ѕвездо вечерницо
Урниме конечно на колена
Немора кришум како досега
Зелените магли од мугрите испарија
Врелите дамари истинаа
Ќе ноќевам овде
Се чуствувам посигурен во мракот.
Нема коментара:
Постави коментар