Додека млакиот сон не ми поткрене една клепка
Нема да глаголам
Но сепак ги наслушнував тајните во черепот
Мислам,чинојдејствуваат сега со невидливите копнежи
И чекорат побавно и од најбавната мисла
Не брзам ни јас,само се митарам под товарот на годините
Чинам бев светлина
Се чешав премногу,и станав темнина
Сркав попара од сонот
А пеколот врелината од чинијата ја сурна на мене
Пробав,реата од светот да ја исчистам
Ме прелетаа врани тогај,крај суводолици завршив
И видов
Гнил крст носеле,и на купишта коски стоеле многумина
А другите,мравки,гасеници,и разни гадиники
За распетие не знаеа
И ајде после оди,песна пеј за ним
Оживувам
Без замагленост над очите
Со своја песна
За свое Сонце
Без старечка темнина во себе
Така е
Се ослободив од сонлив замор,и од правот врз очите
Вие и понатаму отворајтеја утробата
Ревот никој не ви го слуша
Не ви пукнала жолчката
Во апокалиптичното искушение
Та затоа живеачката ви е без вселенски ѕвезден талог.
Нема коментара:
Постави коментар