Кога ми кажаа
Повеќе да ја сакам
Смрта,отколку Животот
Мислев
Дека Црните
Ангели со мене се шегуваат
И повторно
рекоа
Оставиги под
каменот сите Соништа
И замијсе за
последен пат со солзите на Самовилите
Неразбра
Дека белината
на денот ти го скамени срцето
Ајде
Тргни по
Патеката каде само камења има
Попатно некоја
Молитва ќе најдеш
Ќе гребеш по
ѕидовите на мракот
Кажуваќи ја
Дозволими
Боже,никогаш повеќе д а не посакувам
Ајде
Престани да го
мериш Времето на Двајцата Господари
И скршиго веќе
еднаш,крилото на Пеперутката.
Чернодримски
Нема коментара:
Постави коментар