Те гледав
Како из’рти од својот грч
И проба да ја налутиш тишината
За да не ти се склопат
разјадените клепки
И повторно,со својата незрела
омраза развеа горчливи мириси
Кои се родиле одамна во мракот на
твојот разум.
Аште ли апежот во туѓите срца
Ти носи врелина во крвта
И аште ли ќе се поклонуваш пред
ѓаволско копито
Стара си веќе,полна со смрт
Доволно ја наѓубри земјава со
твоите пакости,зарем не.
Ако носиш во рацете,нешто повеќе
од умирачка
Еве,ќе ги затегнам уздите на
животот
И сите грутки молк што ги
собрав,во неврат ќе ги фрлам
Така,трагите на гонењето ќе ги
снема.
Веќе блиску си до небото
Утре,во пурпурот додека паѓаат
солзите на Самовилите
Измиј ги сите твои стари и
заборавени гревови
И чекај,кога двете Вечности ќе се
спојат со делче од миг
Искачи се во непознато соѕвездие.
Нема коментара:
Постави коментар