Додека секундите
безмилосно отчукуваат
А вие се замислувате дека
сте Сонце
Сеедно може и месечина
Внатре
Меѓу купот коски
Под пластовите збрчкана
кожа
Со големо клокотење во
Душата
Смрта и Животот
Низ некоја чудна магиска
игра
ја одредуваат судбината на
утрешниот ден
но да знаете
десно од вас е Олтарот на
Проклетството
каде многумина се поклонуваат
со многу чемер
и молат
барем еднаш,и само еднаш
со своите закржлавени
криља го прелетаат Чардакот на Љубовта
и никогаш повеќе околу нив
да не фучат ветриштата
и се да има смисла.
Нема коментара:
Постави коментар