Не скбете мили мои
Оти пајажината на сонот ќе ви
биде подебела
Ами малку потпевнувајте,па макар
и како улави
И ќе се извишите,над
скитниците,над сенките
Кои ќе ве споменуваат насекаде
Кога ветерот ќе ве допре,летајте
без страв
Ама до ѕвездената лузна на небото
До таму на смртник му е дадено
Понатаму ќе ви натежнат многу
солзите на проколнатите
Та ќе паднете во магли лилави.
И никогаш не кажувајте,не ми е
денот
Посебно на полна месечина
Така брзо,брзо ќе ви воскресне
изминатиот живот
А светлината во огништето ќе
спласни
И од сето тоа цветот на времето
ќе венее.
Не скрбете,не скрбете мили мои
Клепките ќе ви натежнат,сеништа
ќе се радуваат
Ами станете и сончевите лачи
заплеткајтеги со вашите воздишки
Утрешното виножито од сето тоа ќе
се радува
А некаде весело ќе шумоли водата.
Нема коментара:
Постави коментар