Кога би постоел Роман без зборови
Со сласт би го читал
А потоа би насликал слика
Голема колку небото
Со една боја
Иста како Белината
непрегледна
Но ако некој од вас
застане пред таа слика
За ете да го искаже
восхитот
Којзнае можеби ќе ги види
сопствените валкани мигови
На тоа чудно платно
Но сепак
Секое попладне
Сеуште читам Романи
Бараќи го единствениот без
зборови.
Нема коментара:
Постави коментар