Сега името ни е мрак
Ако утре за ова историјата се
сети
Нека не излее како кипови
мраморосани на гребените рапави
Сетне,Земјата нека ни ги отвори
бездните
И нашите сплетени ребра ни ги
спрложи.
Почнува свадбараската игра во
мртва шума,нели
Почнува,почнува,иде црната
невеста
Со животен грч на срцето,ама
жедна е за крв да знаете
Сонот од нашите пресни очи испари
веќе
Гревот се собра во моминска
утроба
А ветерот со камшици ни го
скапува месото.
Мајко,се наежив оти те надживеав
Ете ,со нож ги заклав сите мои
зборови,нека кркорат и тие
Утре со заскрната смеа ќе не
лепат сите,на земјата
Небаре сме лепешки воловски
И во мракот,ќе ни цедат мрак
место здив.
Кога смрта ќе не
помилува,утре,задутре
И не праша онака Човечки
Ви студи ли,ќе и кажеме низ гладна
уста
Не,со студенило се родивме,со
студенило расневме
Затоа сме вака проѕирни,затоа
тешко ти беше да не најдеш.
Сега името ни е мрак
А утре,утре ќе бидеме исто како
развеани глуварчиња
Чекорите ќе ни гаснат,тивко,без
лелек
Не ќе знае никој да раскажува за
црковниот двор и гласната камбана
Само Светците ќе бидат сеуште без
трошка сомневање.
Нема коментара:
Постави коментар