Сите неродени и некрстени Деца
Сега молат и плачат
Ете таму во Светлината
Каде сеуште се само желби нечии
Оти им го земаме лебот од устата
И на пците збеснати им го даваме
Молат и плачат
Оти уште во утроба невлезени
Тие се мртви веќе
Зарем не гледате
Од Небесата небеше се симнале
А Ние
Веќе ги направивме
Ангели со Отсечени Криља
Ако ме разбравте
Дајтеми ги солзите ваши
Да ги оплакувам
А вие
Благословете ги нивните Татковци
Да бидат подалеку
Од Бескрајните длабочини на гревот.
Нема коментара:
Постави коментар