Венецот на Животот
Катаден за нас го плетиш
Родилке наша
А ние глогов колец всрце ти
забодивме
Што катили ќе бевме
Заудираме со гнилеж и смрт
Пееќи песна злокобна
Позлокобна од Гаврановата
Пресуди ни Родилке
Оти само ветар шуплив раѓаме
Награди не со несоница
И казната Танталова фрлија врз нас.
Еве,сега малку одмараме
Блееќи кон месечината
А,утре,повторно на пат ќе кинисаме
Кон провалијата
Мислеќи дека токму таму
Се вечните Богатства.
Нема коментара:
Постави коментар