Мислата со галоп трча некаде напред
Бараќи го денот,што го барале и моите предци
Додека крвта полека истекува на црнава земја
Ако ми дозволите
Уште неколку мигови да вдишам воздух
За низ последниот шепот
И го кажам името мое
Вие немора да го паметите
Доволно е таа да го знае
Родилката
Која и вам утре ќе ви затни ноздрите со прашината своја
Сега,не е веќе ни облачно
Ни тажно,ни топло
Сега душата ги преминува границите кои вие ги нацртавте
Сега,небиди барем ти тажна земјо
Топол сум до пладне
А потоа во моето тело,есента ќе се вгнезди
После пладне
Лицето на светот,злобно и темно ќе се распрсне
И повторно некоја нова будала ќе зборува
За храброста,и за совршената тишина
За планините каде нема болка
И за вечноста каде нема темнина
И за кукавиците кои стануваат херои
Кога хероите ќе погинат.
Изгубивме Земјо моја.
Нема коментара:
Постави коментар