И потече крв од раните небесни
И магла седна под крошните,под стреите
И целиот свет стана темен
Оти умираше сонцето на градите човечки
Молкот ги спои исток и запад
Студот ги врза север и југ
И времето на сништата не живееше веќе
И грбките на планината пукаа
Езерата пресушиа
Лебедите плачеа ден и ноќ за тоа
А народот
Народот тагуваше по мртвите пчели
И папсаните пепрутки
Само пајаците беа среќни
Ја плетеа својата свилена мрежа и на дното од морето
Збудалени пророци постојано најавуваа дождливи години
И казнети грешници од грмотевици
Само на неколку дечиња им беше здодевно
Па со денови ја миреа болката на земјата
Ете така да знете
Сето ова секогаш се случува
Кога незнаете убавите денови да ги сакате
Нема коментара:
Постави коментар