Во солзите на
мојата Мајка
Ги сокрив
најубавите Бајки,кои никогаш не ги слушнав
Најнежните соништа
кои никогаш не ги сонував
И најнежните
шепоти,што понекогаш небото ми ги шепоти
Како тивка
приспивна песна
Во солзите на
мојата мајка
Одеднаш исчезнаа
сите мои скриени стравови
И болката на
моето срце истече
За век векови
да царува мирнотијата
Како тивка
приспивна песна
Во солзите на
мојата Мајка
Се збрани сите
мои празни Есенски денови
И никогаш
непомирисани пролетни мириси
Би рекол сепак
нејсе,се е
Како тивка
приспивна песна
Во солзите на
мојата Мајка
Нема коментара:
Постави коментар