Во мојот ужас
е опустениот дом
Каде не остана
ниедна прегратка за утрешниот ден
И така ќе биде
се додека ми тежи крвта
Ми рекоа сум
бил непрокопсан
И главата
небаре на змија ќе ми ја смачкале
Ами ако само
ќе речам
Кој ќе ме
прекори,пред кого да се покајам
Немам пород
свој,можеби затоа пишувам черни житија
И понекогаш ја
наслушнувам песната на утробата што кркори
Дури и да се
завртам во круг
Ќе се видам
безимен во темнината
Да скрбам ли
уште,по што и за што
Му остана уште
грутката жива земја
Со неа ќе
бидам тоа што отсекогаш сум сакал да бидам
Небарам прошка
И знам дека не
сум злодеј.
Нема коментара:
Постави коментар