Зарем
Воздишките на
одминатост започнаа повторно да ја поместуваат
Таа магична и
непредвидлива временска граница
Правеќи ја
иднината со матни мигови
И со прецутените
глуварчиња ја разнесуваат дилемата
Каде некаде,некој
далечен глас довикувал
Зарем
Навистина и Соновите убиваат
И во тоа
убивање го расфрлаат најодвратниот талог на тагата
Зарем
Во заодот
ноќните одаи веќе не се полнат со лилавост
И зошто не се
наѕираат веќе бескрајностите
Во кој се
раѓаа и враќаа соновите
Нема коментара:
Постави коментар